Баварците испаднаа и удрија: УЕФА, е*и се!

Баерн Минхен вечерва беше елиминиран од осминафиналето на Лигата на шампиони, откако загуби на домашен терен со 1-3 од Ливерпул, а по мечот германските навивачи испратија јасна порака до Европската куќа на фудбалот (УЕФА).

Навивачите се изнервираа, па поставија неколку банери на трибините, со кои порачаа дека модерниот фудбал ги убива емоциите.

„Модерниот фудбал ги убива емоциите, е*и се ВАР, е*и се УЕФА“, порачаа навивачите.