Балотели им фати сеир на навивачите на Јунајтед по поразот од ПСЖ (ФОТО)

Напаѓачот на Олимпик Марсеј, Марио Балотели реши да го провоцира поранешниот ривал Манчестер јунајтед по вчерашниот пораз од ПСЖ со 0-2 на „Олд Трафорд“.

Балотели реши преку својот Твитер-профил да објави порака до навивачите на „црвените ѓаволи“, откако беше познато дека тие ќе загубат од парижаните.

„Фановите на Сити се среќни! Добра ноќ...“, напиша Балотели на социјалните мрежи.