Азар сака се да биде совршено за промоцијата во Реал, па дури и неговата фризура (ВИДЕО)

Белгијскиот фудбалер Еден Азар денеска и официјално ќе биде претставен како нов фудбалер на Реал Мадрид. Тој по седум сезони одлучи да го напушти Челси и да го исполни детскиот сон. „Сините“ од неговиот трансфер би требало да заработат околу 150 милиони евра. Азар призна дека има трема и дека сака промоцијата да помине во најдобар ред, тој дури посети и фризер и сака и фризурата да му биде совршена.