Англичаните го фатија без прстен на раката, па најавија – се разведе ли Мурињо? (ФОТО)

Најконтроверзниот тренер на светот, Жозе Мурињо се развел од досегашната сопруга, откако англиските медиуми го фатија бившиот менаџер на Челси, Манчестер јунајтед, Интер и Реал Мадрид без свадбениот прстен на раката додека го анализирал дербито на сезоната за „Скај“, помеѓу Ливерпул и Манчестер сити на „Енфилд роуд“.

Мурињо е во брак со Матилде Фереира и со неа има две деца, но за англиските медиуми симптоматично е неговото неносење на бурмата, зашто тоа е најава дека веројатно конторверзниот тренер се развел, посебно што во изминатиот период беше поврзуван со љубовна афера со 15-години помладата Пру Картер Робинсон, со која бил на одмор во Катар летово.

Инаку Мурињо и Матилде се познаваат од детството и 30 години се заедно, а англиските медиуми потенцираат дека од февруари наваму, овој пар го нема заедно во јавноста, кога последен пат биле фатени од папараците.

Човек од најблиското опкружување на Мурињо за меидумите изјавил дека Португалецот не ја носел бурмата зашто ја заборавил и дека сè е во ред со бракот на Жозе.

„Жозе рано стана во неделата наутро и едноставно ја заборави бурмата, како и часовникот, зашто семејсниот дом го напушти во седум часот утрината. Нема ништо од други приказни“, рекол човекот на Мурињо.