Анадолу Ефес го надигра Фенербахче за пехар во Суперкупот

Кошаркарите на Анадолу Ефес стигнаа до првиот трофеј во сезоната, откако го совладаа големиот ривал Фенербахче со 71-62.

Избраниците на Ергин Атаман уште по првата четвртина (25-13) најавија дека ќе бидат поблиску до трофејот, а водството на Ефес на полувреме изнесуваше +19 (42-23).

И третата четвртина му припадна на турскиот гигант (53-36), по што Фенербахче почна да се буди во последната четвртина и намали на 62-71.

Жижиќ беше најефиксен со 22 поени, додека Мициќ додаде 16 поени во победата, додека на спротивната страна најдобар беше Хејс со 13 поени.