
Манолас издржа девет месеци во Олимпијакос, па си замина во – Емиратите!
Во Пиреа беше лудница после неговото доаѓање, ама само девет месеци потоа, Манолас си заминува и тоа во Обединетите Арапски Емирати. Негов клуб е Шаржа, каде доаѓа како слободен играч, но Олимпијакос го ослободи буџетот поради големата плата откако во Пиреа дојдоа Марсело, Хамес Родригес...
Шаржа летово ги донесе Миралем Пјаниќ и Пако Алкасер, па Манолас е третото звучно име. Не е познато колку пари ќе заработува, но секако ќе биде многу повеќе од тоа што го имаше во Олимпијакос. Инаку црвено-белите за него зимоска платија 2,5 милиони евра отштета на Наполи.