Словенците му се налутија на Дончиќ зашто победите ги славел со – српски песни (ВИДЕО)
Словенечките кошаркари по триумфот над Франција (88-82), во кој ѕвездата на Далас постигна 47 поени, лудуваа во автобусот на пат кон хотелот во Келн, а од делот на автобусот каде беше нивниот најдобар кошаркар ечеше хитот на Митар Мириќ - „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“. Токму фактот што се славело со песни на српски пеач е причина за реакции на социјалните мрежи.
„Штета што не знаат словенечки песни за да запеат како треба по вакви големи победи“, се вели во еден од ироничните коментари.
Доброто е што националистичките коментари на сметка на Дончиќ се во малцинство во однос на тие што го величат неговиот настап, потенцирајќи дека не е важно што пее се додека дава се од себе во дресот на Словенија.