Леклер: Направив грешка во погрешен момент

Шарл Леклер имаше водство на трката за Големата награда на Франција во Формула 1 шампионатот, кога направи грешка и излета од патеката. 

Возачот на Ферари му го препушти водството на Макс Ферстапен, кој на крајот славеше на трката и го зголеми водството во генералниот пласман. Сега возачот на Ред Бул има 233 бодови или 63 повеќе од Леклер, кој е втор

„Моите перформанси на највисоко ниво во мојата кариера, но ако продолжам постојано да правам грешки тогаш сето ова нема смисла. Ако го загубиме првенството со разлика од 32 поени ќе знам од каде доаѓа тоа, но тоа е тотално неприфатливо. Постојано минувам низ истиот процес и се обидувам да анализирам. Грешка е и тоа е тоа. Се обидував да притиснам што е можно повеќе и го загубив задниот дел. Ова беше тежок викенд за мене, бидејќи се мачев со балансот на болидот. Направив грешка во погрешен момент“, рече Леклер. 

Возачот од Монако по трет пат сезонава не заврши трка, откако претходно два пати имаше проблеми со моторот во Шпанија и Азербејџан.