Погба дојде во Гвинеја, го дочекаа како – крал (ВИДЕО)

Француската ѕвезда Пол Погба, кој е по потекло од Гвинеја, дојде во оваа африканска земја и доби дочек како да е – крал.

Илјадници Гвинејци го дочекаа Погба низ улиците, а еден куп како „полициска придружба“ на мотори возеа покрај автомобилот во кој се наоѓаше ѕвездата на Јувентус, кој отпоздравуваше кон насобраниот народ.

Погба дојде во Гвинеја на хуманитарен меч на кој ќе играат Тити Камара, Ел Хаџи Диуф, а се очекува и Емануел Адебајор.

„Многу емотивно е ова доаѓање во мојата земја, моето семејство е тука, но можам да кажам дека Гвинеја се променила. Жал ми е што порано не дојдов, но еве сега сум тука и се вратив за да помогнам Гвинеја да се развива“, рече Погба.