Дејвис: Во Купот нема поправен, мора да сме на ниво зашто не секогаш победува фаворитот!
Во Кавадарци каде е завршницата на фајнлфорот во Купот, Вардарци ги чека вториот тим на битолчани кого минатиот викенд го победија убедливо за да направат чекор поблизу до шампионскиот пехар, па сега „црвено-црните“ посакуваат нова победа и финале во кое ќе бијат битка и за вториот трофеј во оваа сезона.
„Купот е едно поинакво натпреварување, каде се игра само еден меч, нема поправен и мора да сте максимално спремни. Самото тоа што играте на неутрален терен е поразлично, а во Купот не победува(л) секогаш тој што е фаворит. Затоа мора да сме на ниво, концентрирани и внимателни. Вардар секогаш играл на победа и ние го сакаме и овој пехар“, вели тренерот Дејвид Дејвис.
Вардарци се актуелни бранители и на Купот, па сега посакуваат 15-ти трофеј од ова натпреварување во своите витрини.
„Сакаме финале и небитно е против кого. Притисокот е ист како и за мечевите во првенството, одбрана секој ден играме сѐ подобро, тренираме напорно. Имавме цела недела за подготовка, веќе игравме со Пелистер 2, но добро е што можевме дополнително да тренираме и да подобриме уште нешто во играта“, додаде Дејвис.