Медведев без мака избори осминафинале на Австралијан опен
Русинот покажа од стартот на натпреварот дека неговата намера е јасна, а тоа е брз пласман во следното коло, па тргна со два брејка во првиот сет за водство од (1-0), по што продолжи да игра сигурно и без многу грешки славеше за еден час и 55 минути.
Во осминафиналето ќе се соочи против Максим Креси, кој го победи Крис О’Конел со 3-1 во сетови, односно 6-2, 6-7, 6-3 и 6-2. Тоа ќе биде незгоден противник за Русинот затоа што минатата година успеа да го елиминира Карено-Буста од Ју-Ес опен.