
Имобиле го „нокаутира“ Удинезе: Лацио закажа четвртфинале против Милан (ВИДЕО)
Лацио имаше неколку големи шанси во финишот од натпреварот, но Удинезе успеа да се одбрани и да ја зачува својата мрежа во регуларните 90 минути. Сепак, радост за тимот од Рим донесе Имобиле кој со лоб во 106. минута го постигна единствениот гол на натпреварот.
Гигантот од Рим се пласираше во четвртфинале на Купот, каде што ќе се соочи против Милан, кој претходно славеше против Џенова со 3-1.