Перо Антиќ со тројка во последната секунда го урна Реал среде Мадрид! (ВИДЕО)
Белградските црвено-бели имаа неверојатна шутерска вечер, во која погодија неверојатен број на тројки со одличен процент од повеќе од 40 отсто!
Иако имаше и негатива од 10 поени, Реал успеа да се врати на две минути до крајот и следеше инфаркт завршница, во која кај Звезда се итакна Дејан Давидовац, кој покажа мирна рака од линијата за слободни фрлања. Потоа Филипе Рејес погоди еден неверојатен кош од зад грб. Потоа Дангубиќ одигра добра одбрана и украде топка, а во последниот напад поранешниот македонски репрезентативец ја презема одговорноста кога најмногу требаше и на седум секунди до крајот погоди клучна тројка за 87-83 со што го постави конечниот резултат на дуелот. Тоа за Перо беше 11 поен, а зад своето име запиша уште 4 скокови, 1 асистенција и 1 блокада.
За Звезда ова беше прва победа во историјата на гостувањата во Мадрид, а со неа побегнаа од дното на табелата и сега имаат ист број победи како и ЕФЕС, Армани, Уникаха и Валенсија.