Идиотизмот на навивачите (пре)скапо чини: ФИФА ја одра Албанија за прекинот со Полска
Навивачи на Албанија со стаклени шишиња фрлаа кон Полјаците и го погодија Карол Свидерски при прославата на голот на 13 минути пред крајот од мундијалскиот квалификациски меч на „Ер Албанија“ во Тирана, по што судијата го прекина мечот на 20-на минути, кој потоа се доигра и заврши со победа на Полска со 1-0.
ФИФА веднаш започна дисциплинска постапка против Албанија, најавувајќи дека неприфатлив е ваквиот „акт на насилство“, па сега ја испорача фактурата од дури 140.000 евра парична казна и еден меч пред празен стадион, кој Албанците ќе го одработат на крајот од овој циклус идниот месец на пресметката со аутсајдерот Андора, откако претходно ќе гостуваат во Англија кај „Гордиот Албион“.