Баерн Минхен го уништи Баер Леверузен со - „петарда“ (ВИДЕО)

Баерн Минхен триумфираше против Баер Леверкузен во осмото коло од германската Бундеслига со убедливи 5-1 и го презема врвот на табелата.

Машинеријата на Џулијан Нагелсман за само 37 минути им дадоа пет гола на домаќините, а сѐ почна од Роберт Левандовски во четвртата минута (1-0).

Потоа Левандовски погоди и по вторпат, а во листата на стрелци се запишаа уште и Томас Милер и двапати Серж Гнапри.

Во вториот дел Патрик Шик успеа да намали на 1-5, но тоа беше сѐ од домаќините, кои не успеаа да избегнат дебакл.

Баерн е прв со 19 бодови, по што следи Борусија Дортмунд со 18, додека Леверкузен има 16, колку и Фрајбург.