
ПСЖ најде чаре да го надитри финансискиот фер-плеј!
ПСЖ е должен да покаже приход од 80 милиони евра во јануари, поради потрошените 222 милиони за Нејмар, а тоа може да го направи само ако продаде некои од своите ѕвезди. Веќе се пишуваше дека „на отстрел“ се Лукас Мура, Јулијан Дракслер, Хавиер Пасторе, Анхел Ди Марија...меѓутоа изгледа најде чаре како да се спаси.
Ќе треба да продаде само еден играч и тоа не мора да е од листата на ѕвездите. Тајната е во новиот договор со компанијата „Најк“ кој се крчка. Француските медиуми пишуваат дека популарниот бренд ќе потпише нов договор со ПСЖ, кој ќе тежи огромни 70 милиони евра, дури трипати од досегашните 25 милиони.
Ако ова е точно, богатите Катарци ќе го надитграт фер-плејот и повторно ќе докажат дека на УЕФА ѝ е потребен нов систем за регулација на прекумерното трошење во фудбалот.