ВТА финалето оваа година ќе се одржи во Гвадалахара

Завршниот турнир во сезоната тенисерките ќе го играат во мексиканскиот град Гвадалахара наместо во Шенжен, Кина. 

ВТА финалето потоа во 2022 година повторно ќе се врати во кинескиот град, кој ќе биде домаќин на турнирот до 2030 година. Традиционално најдобрите осум тенисерки на ВТА-листата ќе се натпреваруваат за престижниот трофеј.

Турнирот лани не се одржа поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, а ВТА реши оваа сезона да го премести во Гвадалахара, бидејќи сите турнири во Азија беа откажани. 

Шенжен е организатор на ВТА финалето од 2019 година, а претходно пет години овој турнир се одржуваше во Сингапур. Натпреварите почнуваат на 8 ноември.