Барселона подготвена за пеколот во Истанбул – оди на десет од десет!
Предводникот на Барселона е свесен за предизвикот кој го носи турскиот претставник, потенцирајќи дека стручниот штаб добро го анализирал противникот и е подготвен за тактичко надмудрување.
„Во последниот дуел фудбалерите на Галатасарај играа така како што очекувавме. Располагаат со многу добри напаѓачи и мораме да се приспособиме. Секогаш мораме да се адаптираме кон ривалот и кон сопствените потреби. Токму тоа ќе го направиме и во вторник“, изјави Флик.
Германскиот стратег посебно се осврна и на добро познатата жешка атмосфера која ги очекува неговите фудбалери на гостувањето во Турција, нагласувајќи ја потребата од заедништво и постојан напредок во играта кога тимот се соочува со сериозни противници.
„Мораме да бидеме подготвени за атмосферата. Таа е една од најдобрите во светот, неверојатна е. Бучавата на стадионот е исклучителна. Мораме постојано да се подобруваме за да се спротивставиме на силни ривали и да бидеме обединети“, додаде Флик.
Каталонците играат стравично добро, а резултат на тоа се девет победи во исто толку средби од почетокот на сезоната.
ФОТО: X / @FCBarcelona