Роналдо откри кој го убедил да се врати на „Олд Трафорд“

Легендарниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо потпиша двегодишен договор со Манчестер јунајтед и ќе им се приклучи на новите соиграчи по репрезентативната пауза.

Роналдо во првото интервју за официјалниот веб-сајт на клубот кажа дека едвај чека да го облече дресот на „црвените ѓаволи“ и откри дека Сер Алекс Фергусон го убедил да се врати на „Олд Трафорд“.

„Имам неверојатна историја со овој тим. Дојдов тука на 18 години и мило ми е што се враќам. Сите знаат дека Фергусон беше главна причина за да дојдам тука. За мене тој е фудбалски татко. Многу ми помогна и ме научи на многу работи. Постојано бевме во контакт и тој имаше главна улога и за моето враќање во екипата“, кажа Роналдо.