Холандските фудбалерки спектакуларно ги отворија ЛОИ – со десет гола против Замбија

Холандија спектакуларно го отвори женскиот фудбалски турнир на овие ЛОИ во Токио, откако попладнево до врв ја наполнија Замбија, победувајќи со 10-3 во мечот од групата Ф во која претходно Бразил ја торпедираше Кина со петарда (5-0).

Холанѓанките беа апсолутни фаворитки за победата, а Замбијките настрадаа откако само во првиот дел до 15-та минута примија три гола, а уште три во последните 15 минути од првиот дел, па со 6-1 на полувреме јасно беше и кој ќе победи и дека Холандија ќе го запише најубедливиот триумф во ова воведно коло на женскиот фудбалски турнир.

Во вториот дел до 80-та минута погодија уште четирипати, па се иопуштија за противничките да дадат два гола и мечот со спектакуларни 13 гола да го добие „признанието3 за најдобар на стартот на Игрите.

Миедема даде четири од десетте гола за Холандија и беше предводник во триумфот, а одигра само еден час на мечот.

Австралија со 2-1 го победи Нов Зеланд, а Јапонија и Канада ремизираа 1-1.

Американките предводени од нашиот Влатко Андоновски имаа кошмарен старт со убедлив пораз со 0-3 од Шведска, што е прв пораз за четирикратниот олимписки првак по 44 меча, а прв и за Андоновски откако е селектор по 23 меча од кои 22 победи.