Кукавицата Лонзо Бол избега додека неговите соиграчи се тепаа со Феникс (ВИДЕО)
Лејкерс го загубија дуелот во „Стејплс центарот“ со 122-113 од Санс, а во еден момент од дуелот имаше пресметка помеѓу кошаркарите на двата тима. Кентавиус Калдвел-Поуп и Тајлер Улис за малку ќе направеа тепачка, а во гужвата се приклучија речиси сите кошаркари кои беа на теренот, освен еден, Лонзо Бол.
Кога започна туркањето на кошаркарите и кога страстите се разгореа, кошаркарот на Лејкерс само ја одмина гужвата и се упати кон клупата незаинтересирано што неговите соиграчи се туркаат со противниците. На социјалните мрежи навивачите на Лејкерс го обвинија Бол дека е кукавица, а особено гласен беше Шекил Онил.
Кошаркарот потоа имаше и свое објаснување зошто не се приклучил во гужвата.
„Ова е НБА. Луѓето нема навистина да се тепаат, па затоа не сакав да добијам техничка“, изјавил Бол во одбрана на критиките.