Фалангата го освои Солунско поле, па навали на солунско гиро - во Букурешт (ФОТО)
Често пеените слогани во кои се потенцира националното чувство и незадоволството од Преспанскиот договор со Грција, земјата која скоро три децении политички ни го загорчуваше животот на меѓународна сцена, сепак, не беа пречка тагата од неуспехот да се утеши со гиро од Солун. Секако, дел од нашите фанови не заминаа веднаш од Букурешт во грчкиот град во близина на границата, туку најдоа локал со името „Солун“ каде што навалија на грчкиот специјалитет.
Локалот беше претесен да ги прими Македонците облечени во дресови со знакот на ФФМ, поради кој токму Грците пред неколку дена официјално побараа да се смени бидејќи не ја содржи придавката „Северна“, која е крајно непопуларна кај најголем број луѓе во нашата држава.