Заев ќе навива за македонската репрезентација од трибините во „Букурешт“

Македонската фудбалска репрезентација денеска од 18 часот ќе ги одмери силите со Австрија на дебито на Европското првенство во Букурешт. 

На „Националната арена“ во романскиот главен град ќе има нешто повеќе од 2.000 македонски навивачи, а меѓу нив ќе биде и македонскиот премиер Зоран Заев. Тој ги испрати фудбалерите во Букурешт минатиот вторник на скопскиот аеродром и тоа токму пред полетувањето, откако ФФМ претходно не му дозволи прием.

Во Букурешт има голем број навивачи иако само малкумина од нив ќе успеат да навиваат од трибините. Сепак, Македонците не пропуштија шанса да бидат дел од атмосферата во романскиот главен град и натпреварите ќе ги следат од локалните барови и ресторани.