Николов доби 13 минути, Лече ќе брка минимална негатива за пласман во бараж-финалето
Лече загуби со 0-1 со примениот гол по само две минути во второто полувреме, кога Форте ја погоди мрежата на тимот од југот на Италија, па сега на домашен терен на „Виа дел Маре“, овој клуб ќе се обиде да ја надомести негативата за да се пласира во финалето.
Николов влезе во 77-та минута од мечот, додека вториот наш интернационалец Леонард Жута, бивш репрезентативец остана на клупата за резерви.
Читадела со 3-0 ја прегази Монца, па новиот клуб на македонскиот суперталент Лука Станковски е на чекор до испаѓање и останување во Серија Б и во следната сезона.