
Ниту 37 поени на Дончиќ недоволни за триумф на Далас (ВИДЕО)
Словенецот постигна 37 поени, од кои дури 22 во последната четвртина, но не успеа да го одведе својот тим до триумф. Кингс ја прекинаа губитничката серија од девет натпревари и тоа најмногу благодарение на Деарон Фокс, кој реализираше 30 поени и 12 скока.
Во еден од најинтересните натпревари во Источната конференција, Мајами го совлада Бруклин со 109-107 благодарение на поените во последните секунди на Бам Адебајо. Кошаркарот на Хит го заврши натпреварот со 21 поен и 15 скока. Ландри Шамет беше најефикасен кај Нетс со 30 поени, Кајри Ирвинг постигна 20 поени, а повторно отсуствуваше Џејмс Харден. Проблем за Бруклин може да е и новата повреда на Кевин Дурент, кој го напушти натпреварот уште во почетните минути.
НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Атланта - Индијана 129-117
Њујорк - Њу Орлеанс 122-112
Шарлот - Портланд 109-101
Орландо - Хјустон 110-114
Торонто - Оклахома 112-106
ЛА Клиперс - Минесота 124-105