Бесценето: Меси како мало дете скокаше од радост по голот на Пике (ВИДЕО)

Екипата на Барселона се пласира во финалето од Купот на Кралот во Шпанија, откако по голема борба, синоќа, ја совлада Севилја (3-0) и тоа по продолжетоци, откако во регуларниот дел од средбата резултатот беше идентичен како и на првиот дуел (2-0).

Спасител на Каталонците беше повратникот во тимот, Жерар Пике, кој буквално во последните секунди од регуларниот дел постигна погодок за изедначување на негативата од претходната средба на теренот на противникот.

Неговиот гол, неочекувано, донесе огромна радост кај Лионел Меси, кого камерите го уловија како скока од радост како мало дете, покажувајќи емоции, какви што ретко можат да се видат од него во јавноста.