Уапсен поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу
Покрај Бартомеу со лисици на рацете завршија и уште двајца челници на клубот, Оскар Грау, кој беше генерален директор во владеењето на Бартомеу, како и Роман Гомез Понти, кој бил шеф на правниот тим на Барселона.
Полицијата го истражува скандалот наречен „Барсагејт“, кој беше разоткриен од каталонските медиуми. Челниците на Барселона најмиле маркетинг агенција, која преку голем број акаунти на социјалните мрежи може да ги критикува сите оние кои не се согласуваат со Бартомеу, како што се Лионел Меси и Џерард Пике.
Истрагата траела со месеци, а запленети се многу документи од клупските простории на Барселона.