Шампионот го го здроби Голден Стејт, Адетокумпо ги победи Клиперс (ВИДЕО)
Шампионот доминираше од самиот почеток, а веќе на полувремето имаше постигнато 73 поени и водеше со 29 разлика. Најголемата предност на домашниот тим беше +35. Леброн Џејмс беше најефикасен со 19 поени кај победничкиот состав за кого ова беше 1.300-тиот натпревар во кариерата во регуларниот дел од сезоната во НБА. Маркиф Морис и Алекс Карузо има по 13 поени. Ерик Паскал беше најефикасен кај Вориорс со 18 поени, додека Стеф Кари реализираше 16 поени.
Милвоки дојде до својата петта победа по ред, откако на домашен паркет ги победи Лос Анџелес клиперс со 105-100. Јанис Адетокумпо ги предводеше Бакс со 36 поени и 14 скока. Каваи Ленард имаше 25 поени за Клиперс.
НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Бостон - Вашингтон 111-110
Детроит - Њујорк 90-109
Хјустон - Мемфис 84-133
Мајами - Атланта 109-99
Минесота - Феникс 99-118
Сакраменто - Шарлот 126-127