Автомобилот на Вудс смачкан, чудо е како преживеал! (ФОТО+ВИДЕО)
Пожарникарите пристигнале на местото на инцидентот, по што морале да го сечат автомобилот за да го извлечат голферот од возилото, а потоа со Брза помош бил испратен во болница во Лос Анџелес.
Првите информации се дека има скршеници на двете нозе, а сега се појавија и снимките од автомобилот, кои се застрашувачки затоа што возилото е целосно смачкано.