Димитријевиќ постигна 12 поени во триумфот на Хувентуд во Еврокупот
Нантер беше одличен во првата четвртина, која успеа да ја добие со 30-20, по што Хувентуд се разбуди и додаде гас, па пред полувреме поведе со 46-44.
Во вториот дел Хувентуд играше многу подобро, па нивната предноста растеше со 73-66 на крајот на третата четвртина, додека во последниот дел нивното водство достигна и +11 (88-77), а на крајот триумфираа со 95-90.
Хувентуд има две победи во групата, колку што има и Монако, додека Уникаха и Нантер се без бодови.