Бекам го донесе Невил за тренер на Интер Мајами
Невил доаѓа на местото на Уругваецот Диего Алонсо, кој неодамна спогодбено го раскина договорот, откако Интер Мајами заврши како десети во источната конференција во МЛ-лигата на своето деби во елитното друштво, а во плејофот испадна уште во првата рунда со поразот со 0-3 од Нешвил.
Невил доаѓа на клупата на Интер Мајами и за него ова ќе биде прва авантура во машкиот фудбал, зашто досега беше селектор на женската репрезентација со која играше полуфинале на последното СП.
„Почестен сум за шансата што ја добивам да бидам тренер на Интер Мајами. Ова е млад клуб, кој многу ветува и посветен сум кон овој предизвик и се надевам дека ќе изградиме одличен тим, на кој ќе бидеме горди“, рече Невил
Бекам посочи дека е среќен што доаѓа негов екс-соиграч на клупата.
„Го знам Фил откако од деца бевме дел од академијата на Манчестер јунајтед, имаме иста фудбалска ДНК, нѐ тренираа најдобрите тренери и тие вредности сакав да ги донесеме тука во клубот. Фил има големо искуство во фудбалот, како фудбалер, ама и како тренер и може да го издигне клубот на многу високо ниво.