Блатер во тешка состојба итно бил пренесен во болница!
„Гардијан“ пишува дека состојбата на Блатер во моментов е стабилна, за разлика од моментот кога бил примен во болницата.
„Мојот татко е во болница. Тој ќе биде подобар, но ќе му треба време и одмор. Во име на нашето семејство, ве молам за приватност“, порача ќерката на Блатер.
Ова не е првпат Блатер да заврши во болница, зашто нешто слично му се случи во ноември 2015 година и јули 2016 година.
Минатиот месец ФИФА почна истрага против поранешниот претседател поради вмешаност во малверзации и перење пари, а Блатер ги отфрли обвинувањата.