Откриени платите на сите во Серија А: Елмас најплатен Македонец, Нестор-гол пред Пандев (ФОТО)
Елиф Елмас е шести најлошо платен играч во Наполи со годишна плата од 1,5 милиони евра, но и покрај тоа тој е најплатениот македонски интернационалец кој сеозната ќе игра во италијанската елита. Високата сума е благодарение на новиот договор што неодамна го потпиша со важност до 2025 година.
Помалку неочекувано, зад него не е ветеранот Горан Пандев туку Илија Несторовски, кој сезонава ќе инкасира 700.000 евра, со што е седми најплатен фудбалер во екипата на Удинезе. Капитенот на репрезентацијата е трет на листата македонски интернационалци во Серија А, со годишни примања од 500.000 евра во Џенова. Од него има само уште пет фудбалери со помала плата.
Најплатен фудбалер во Серија А останува Кристијано Роналдо, со плата од 32 милиони евра. Зад Португалецот се наоѓа Де Лихт со осум милиони евра, а Топ 10 листата ја компллетираат Џеко и Лукаку од Интер, Дибала (Јуве), Џеко (Рома) со по 7,5 милиони евра годишно, како и Рабио, Рамзи (двајцата од Јувентус), Алексис Санчез (Интер) и Ибрахимовиќ (Милан), кои ќе инкасираат по седум милиони евра.