Невидено: Русите се обиделе да го измамат Манџукиќ со курсот на рубљата!
Агентот на хрватскиот фудбалер смета дека Локомотива се обидела да ги измами со клаузула во договорот. Искусниот напаѓач требало да добие три милиони евра за потпис, а потоа 2,4 милиони евра годишно.
Проблемот не се создал тука, туку во курсот на рубљата во однос на еврото, која тимот од Москва се обидел да ја фиксира.
Наместо хрватскиот фудбалер да добива плата во зависност од тоа каков ќе биде курсот во моментот, тие сакале да пишува дека едно евро секогаш ќе биде 75 рубљи, иако денеска тоа изнесува речиси 93.
Оваа клаузула често е вметнувана во договорите на фудбалерите со руските тимови, но Хрватот се изненадил и поради тоа не сакал да потпише договор.