Меси потврди дека останува во Барселона

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси потврди во ексклузивно интервју за најпопуларниот светски протал „Гол“ дека останува во Барселона после драматичните скоро две недели откако посака да си замине од каталонската гордост по 20 години.

Меси во интервјуто за порталот посочи дека побарал раскин на договорот, но дека одлуката на Барселона да го пушти само за 700 милиони евра трансфер отштета го направила практично невозможно неговото заминување.

„Мислев дека сум слободен да си одам, зашто претседателот (Бартомеу – н.з.) постојано повторуваше дека на крајот на сезоната може тоа да го сторам, да решам дали останувам или не. Ама сега тие велат дека требало тоа да го соопштам пред 10 јуни, па излегува дека на 10 јуни ние уште игравме во Ла Лига и бевме среде оваа ужасна криза со пандемијата и сите проблеми што ги направи. И тоа е причина што останувам, продолжувам со клубот, биденќи претседателот ми кажа дека единствен начин да си одам е ако некој плати 700 милиони евра, што е невозможно“, рече Меси