ЛШ доби дебитант во новата сезона!
По триумфите на Севилја и Шахтер во четвртфиналињата во Лига Европа, автоматски се отвори француски Рен да добие директно место во групната фаза и сигурни 28 милиони евра, наместо да игра трето коло во квалификациите во „нешампионската група“.
Поради победите на шпанскиот тим, кој веќе има пласман во ЛШ, како и на Шахтер, кој е првак на Украина и сигурно ќе игра во елитното друштво, во Лига Европа останаа екипи кои веќе се пласирани во мултимилионското друштво (Интер и Манчестер јунајтед), па така се отвори шанса за Рен наместо квалификации, да биде секако дебитант.
Тоа што најмногу ги радува во Рен е и фактот дека директниот пласман ќе значи сигурно останување на својот бисер Едуардо Камавинга, а со тоа и зголемување на неговата цена, па веќе идното лето би требало буквално да се збогатат од неговата продажба, зашто великаните се на готовс да го одврзат ќесето и да го купат.