ВАР е урнебес-технологија: Офсајдот што му го свирна на Олимпијакос е – комедија (ВИДЕО)
Грците при негатива од 0-1, по половина час игра, израмнија, ама ВАР се јави и го поништи. Пресудија дека офсајдот со дел од раката од милиметри бил клучен за голот, иако тешко дека воопшто некој може да забележи со што фудбалерот на Олимпијакос во изградбата на нападот се нашол во недозволена позиција.
И не е чудо што Грците силно протестираат на одлуката.