Холандија во шок: Почина 27-годишна светска и европска шампионка!

Уште една тажна вест ни доаѓа од Франција, каде што починала 27-годишната светска и европска шампионка во брзо лизгање од Холандија, Лара Ван Рајвен.

Светската шампионка во трката на 500 метри почина од последица на автоимуна болест. Таа била хоспитализирана на крајот на минатиот месец, откако се пожалила на тренинг, а четири дена подоцна била префрлена на интензивна нега.

Како причина за смртта се наведува автоимуна болесст, поради која се случило внатрешно крварење. Таа потоа била ставена во индуцирана кома и имала неколку операции, но состојбата не се поправила.