Севилја славеше против Еибар и му избега на Вилјареал (ВИДЕО)
Екипата од Андалузија благодарение на голот на Окампос во 56. минута од дуелот успеа да освои три бода. Гостинскиот тим создаде неколку шанси, но не успеа да го загрози голот на Севилја.
Севилја има 60 бодови на четвртата позиција на табелата во Ла Лига, додека на петто место е Вилјареал со 54 бодови.