Матиќ останува во Јунајтед до 2023 година
Матиќ во Манчестер јунајтед се пресели од редовите на Челси во 2017 година. Иако подолг период се поврзуваше со неколку клубови, сепак одличните партии во вториот дел од сезоната му обезбедија нов договор со „црвените ѓаволи“.
Триесет и едногодишниот фудбалер кариерата ја започна во Колубара, а потоа играше во Кошице, Витесе, Челси и Бенфика.