Дино Раѓа во одбрана на Ѓоковиќ : Сакаше да ѝ помогне на Хрватска, а вие - се*ете по него!

Фијаското што се случи пред самиот крај на тенискиот турнир „Адриа тур“ во Задар, чие финале не се одигра откако се дозна дека Григор Димитров е позитивен на Ковид-19, донесе серија напади од хрватските медиуми врз организаторот на овој настан, Новак Ѓоковиќ, особено по вчерашното негово признание дека е самиот е заразен со коронавирусот.

Критиките на сметка на Србинот беа жестоки, а можеби единствен кој застана во негова одбрана без легендарниот кошаркар, Дино Раѓа.

„Неверојатна количина на с*ање беше фрлено врз Ѓоковиќ овие денови, вистински натпревар кој повеќе ќе се по*ере. Човекот направи сѐ за да ѝ помогне на Хрватска да се промовира во светот и да спаси барем дел од летната сезона. Сигурно е дека имаше грешки, но во прв ред од Димитров и од организаторот, а потоа од учесниците. Ништо подобри не сме ние Хрватите, кои не носиме маски ниту држиме дистанца, но најлесно е за сопствените проблеми да удриме по Новак. Тоа што се случи треба да ни биде за памет и предупредување дека вирусот е меѓу нас и дека треба сериозно да се сфати. И дека без разлика на статусот и на богатството, сите еднакво сме подложни на зараза со Ковид-19“, напиша меѓу другото Раѓа.

Ѓоковиќ во моментов е во самоизолација, а заразени со коронавирусот се уште и тенисерите Борна Чориќ и Виктор Троицки.