Поранешен фудбалер на Јувентус доби казна затвор од 3,5 години
Миколи побарал од својот пријател Мауро Лауричела, син на познат мафијаш, да оди да зема 12.000 евра од сопственик на една дискотека. Лауричела успеал да изнуди само 2.000 евра, а потоа бил уапсен заедно со Фабрицио Миколи, откако сопственикот на дискотеката ги пријавил во полицијата.
Малку е чудна одлуката на судот да го ослободи Лауричела, односно да му додели едногодишна суспендирана затворска казна, како извршител на делото, а нарачателот Миколи да добие казна затвор од 3,5 години.
Миколи најголем дел од својата кариера ја мина во дресот на Палермо, а освен за Јувентус играше и за Фиорентина, Лече, Тернана и Биркиркара во Малта. За италијанската репрезентација одигра 10 натпревари и постигна два гола.