Уште една земја официјално го прекина комплетно фудбалот
Првенството во Мексико се прекина по десет одиграни кола, а два месеци траеа преговорите дали да се продолжи да се игра или комплетно да се прекине, откако претходно лигата и клубовите донесоа одлука во следните две сезони да нема испаѓање од најсилната лига.
Главна причина за прекинот на првенството е што епидемијата во Мексико не стивнува, а дури осум фудбалери на Сантос Лагуба биле заразени, па преголем е ризикот да се продолжи со фудбалот.
Лигата во согласност со клубовите решија оваа сезона да ја поништат, да нема првак, а двата клуба Круз Азул и Леон, кои се во самиот врв, ќе играат и во следното издание на Лигата на шампионите на зоната КОНКАКАФ.
Новата сезона е планирана да почне кон средина на јули.