Премиерлигата преговара со властите кога да се продолжи со фудбалот – најреално во јуни

Одлични вести ни пристигнуваат од Англија каде е во напредна фаза рестартот на Премиер лигата, кој според некои проценки треба да се случи во јуни.

По разговорите меѓу владини претставници и челниците на Премиер лигата зад затворени врати , британски „Мирор“ открива дека се изготвува план за продолжување на натпреварувањето во најсилното англиско првенство.

Имено, владините здравствени работници во Велика Британија се надеваат дека во иднина ќе се намалува бројот на заразени лица од коронавирус, секако, доколку населението  се придржува до строгите мерки кои секојдневно ги дава британската  влада.

Исто така се најавени уште неколку средби на кои ќе се дискутира за тоа дали условите дозволуваат рестарт на лигата или не, каде моментно на табелата прв е Ливерпул со убедлива предност од 25 бода во однос на второпласираниот Манчестер Сити, па неопходни му се две победи на десет кола до крајот на сезоната за и теоретски да ја обезбеди титулата која ја чекаше 30 години.