Ги научивме Србите како треба, сакаат екс-тренер на Вардар за селектор!
Откако Србија стигна до финале на Европското првенство во 2012 година, на кое Македонија беше петта, северниот сосед има ужасно лоши резултати, па по катастрофата минатиот месец си замина Ненад Перуничиќ од кормилото и Србите сега бараат нов селектор, а првпат најверојатно ќе имаат странец.
„Спортски Журнал“ објави дека прв кандидат за клупата на Србија е црномурестиот Дејвис, помошникот на Раул Гонзалез и на Роберто Парондо во Вардар, а тренер на женскиот тим на Вардар пред да замине во унгарски Веспрем. Дејвис патем беше селектор и на Египет со кој ја освои африканската титула неодамна, а претходно беше селектор и на Русија.
Дејвис најмногу им одговара на Србите, зашто одлично го познавал балканскиот менталитет, во Веспрем веќе соработува со двајца српски ракометари, Петар Ненадиќ и Владимир Цупара, а добро го знае и јазикот и нема да има никаков проблем и бариера за да ја води српскаа селекција.
На листата на желби на Србите е и Раул Гонзалез, кој моментно е тренер на француски ПСЖ, како и уште двајца Шпанци, Антонио Карлос Ортега и Чави Сабате, двајца кои пред Дејвис исто така работеа во Веспрем.