Сон од трагичар стана херој на Тотнем (ВИДЕО)
Во првото полувреме њубителите на фудбалот можеа да видат дури три погодоци, иако имаше шанса и за повеќе. Дефанзивецот на Тотнем прво погоди во сопствената мрежа во 9. минута, а потоа израмни на 1-1 во 27. минута. Пред крајот на првиот дел Јунг-Мин Сон промаши пенал, а потоа од втор обид успеа да реализира.
Во второто полувреме Астон Вила израмни преку Инџелс, а кога сите помислија дека ќе дојде до поделба на бодовите, Сон по еден кикс на одбраната на Астон Вила, излезе „очи во очи“ со голманот на противничкиот тим и успеа да ја смести топката во мрежата за голема победа на Тотне.
Со овој триумф се доближи до четвртопласираниот Челси на само еден бод и воедно најави „војна“ за последната позиција која води во Лигата на шампиони.