Фуксе Берлин го промовираше Криштопанс (ФОТО)
Леворакиот бомбардер ќе остане во овој тим до крајот на сезоната, од каде потоа ќе замине во француски ПСЖ, во чии редови е уште еден поранешен вардаровец од шампионската генерација, тренерот Раул Гонзалез.
Инаку, Криштопанс ги напушти „црвено - црните“ поради финансиските проблеми со кои се соочува европскиот првак, со кој двапати ја освои шампионска круна на Стариот континент. Тој денес позираше со дресот на тимот од Берлин и беше претставен пред навивачите.