Руиз добива шанса да го нападне светскиот трон: Ќе се бори против Вајлдер или Фјури

Енди Руиз ја загуби минатата сабота борбата за светски шампион во тешка категорија. Тој беше поразен со едногласна одлука на судиите од Ентони Џошуа, а по мечот покажа желба за трета борба.

Меѓутоа, трета борба против Џошуа засега нема да има. Британецот мора да се бори против останатите ривали, но и покрај тоа Руиз ќе добие шанса да го нападне појасот.

ВБЦ организацијата му даде зелено светло на Руиз и најави дека тој би можел да го нападне појасот.

„Руиз ќе биде високо рангиран, но не само поради тоа што го направи во јуни. Тој има одличен рекорд и не му требаат квалификациски натпревари. Можеби сега е потребно малку време да одмори, да види каде згрешил и да продолжи понатаму“, порачаа од организацијата.

Американецот Вајлдер го брани појасот на 22 февруари против Тајсон Фјури, а потоа Руиз ќе се пресмета против победникот од нив двајца.