Навивач на Евертон на бизарен начин се обидел да го одложи дербито со Ливерпул

Ливерпул го доби големото градско дерби со Евертон со 4-2, но пред дуелот имало навивач, кој сакал на неверојатен начин да го одложи мечот.

„Мирор“ објави дека навивач на Евертон се соблекол угул гол и трчал по коловозот затоа што сакал да го одложи дербито во Ливерпул.

Неговата намера била да направи хаос во сообраќајот и да спречи движење кон „Енфилд“. Секако, реагирала и полицијата, па човекот бил притворен.