Катастрофа во најава: Англија за едно полувреме ја демолираше Црна Гора (ВИДЕО)
Голеадата на „Вембли“ започна во 11. минута со погодокот на Оклејд Чемберлен, а потоа целосно се распадна одбраната на гостите, па Хари Кејн во 19. и 24 минута зголеми на 3-0. Само шест минути подоцна, во 30., и Рашфорд се запиша во листата на стрелците, а Кејн со својот трет погодок на овој меч (39. минута) му донесе убедливо водство на „Гордиот Албиот“ од 5-0.